сабота, 27 јули 2024

ДУИ бара да се истражат јавните набавки во Чаир вредни близу 16 милиони евра

Демократската унија за интеграција соопшти дека со загриженост ги следи медиумските известувања за флагрантна злоупотреба на јавните набавки во општина Чаир. Според тие информациите, велат од ДУИ,  од 2020 до 2023 година Општина Чаир издвоила 16 милиони евра за тендери за две фирми – Бауер БГ ДОО и Енергоинвест трејд“, кои имаат ист сопственик, Гордана Димитрова.

Објавено на

часот

Сподели

„Општина Чаир со компанијата Бауер БГ склучила 23 договори за јавни набавки во вредност од 4.113.165 евра, како и договор за плоштадот Скендербег во вредност од 11.091.674 евра, што е вкупно 15.204.843 евра.

Ги повикуваме надлежните институции да ја испитаат евентуалната злоупотреба на буџетските средства и да постапат согласно законот“, се вели во соопштението на ДУИ.

Инаку, локалната власт во Чаир практично е под водство на Демократско движење, односно градоначалник е доскорешниот „огнен“ интегративец Висар Ганиу, а партиски лидер Изет Меџити, поранешен градоначалник, сега пратеник исто така од редовите на „огнените“ од ДУИ,

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ