сабота, 27 јули 2024

ДУИ: Албанката опозиција да се вразуми бидејќи го помага сценариото на диктаторот Путин

За Путин во Македонија гласале 88,1 отсто од руските граѓани, реагираат од ДУИ и додаваат дека на руското сценари му помага албанската опозиција која секојдневно ги дезинформира граѓаните дека ДУИ е злото на земјата, а не ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Oд ДУИ ја повикуваат опозицијата да се вразуми, но и да очекува пораз на изборите.

Објавено на

часот

Сподели

„Демократската унија за интеграција со голема загриженост гледа на неодамнешните резултати од руските избори и на териториите надвор од Русија. Диктаторот Путин на руските избори одржани насекаде, во Северна Македонија доби поголема поддршка од земјите од регионот. Според Изборната комисија на Русија, за Путин гласале 88,1 отсто од руските граѓани кои живеат во нашата земја.

Ова докажува дека руската политика е присутна, не се откажува и продолжува секој ден се повеќе во обидот да го загрози европскиот пат на Северна Македонија и да уништи се што земјата постигнала во последните неколку години.

Во руското сценарио на Путин, политичките партии во Северна Македонија веќе долго време гласно се набројуваат, а на истите неодамна им помага и албанската опозиција која секојдневно ги клевети, навредува и дезинформира граѓаните дека ДУИ е злото на земјата, а не ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Демократската унија за интеграција не сака да верува дека албанската опозиција е свесно приврзана за руските сценарија и воедно апелира истата да размислува и да води кампања демократски и европски, земајќи ги за пример ДУИ и идниот претседател на државата, Бујар Османи.

Исто така, ги уверуваме граѓаните дека, како што се случи со членството во НАТО и успешното лидерство со мисијата на ОБСЕ, Демократската унија за интеграција ќе биде главниот клуч во процесот за членство во Европската Унија.

Така, како што откриваат сите анкети, на 24 април и на 8 мај албанската опозиција, веќе координирана со руските политики во Северна Македонија, ќе го добие последниот удар од граѓаните, од кои повеќето отворено кажаа: ДА за Европа, НЕ за Русија“, се вели во соопштението на ДУИ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ