сабота, 11 јануари 2025
Реакција

Дудуш: Данела ќе одговара!

За моето седумгодишно работење како градоначалник, за мојата работа, немам ниту една кривична постапка, реагира Курто Дудуш, градоначалникот на Општина Шуто Оризари на вчерашните соопштенија на Град Скопје за четириесетина поднесени кривични пријави против него. Екоцидот кој во моментов се случува во Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш, соопшти вчера Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

За ваквите изјави, Данела Арсовска ќе одговара за навреда и нарушување на углед и чест доколку не се извини.

„За дополнителните седум кривични пријави, поради одлагање на отпад на мојот приватен имот, фактура ќе добие лично таа бидејќи со месеци ѝ го покривам срамот и се обидувам нејзиното неработење да не влијае во креирање на слика дека нашата општина е препознатлива по депонии. Напротив, во време кога Шуто Оризари интензивно се модернизира, урбанизира и развива, најмалку што можам да направам е нејзиниот срам да го тргнам од улиците на мојата општина и да го складирам на приватно земјиште, свесен дека за тоа ќе трпам лична штета – уништување на мој приватен имот. Јас не сум ниту производител на ѓубре ниту пак имам материјална корист од прибирање на ѓубре!

Отпадот кој со месеци тлее низ улиците на Шуто Оризари, без многу стручни анализи на лабаратории, јасно може да се види дека е комунален отпад, односно остатоци од храна и секојдневен отпад кои ги произведуваат домаќинствата“, се вели во реакцијата на Дудуш.

Тој вели дека Данела дала инструкции за ЈП Комунална хигиена ниту една канта со ѓубре од Шуто Оризари да не се собира.

„Лесно може да се утврди колку акции направила Данела за собирање на диви депонии во Општина Шуто Оризари во изминатите години. Нула! Се работи за систематкса дискриминација врз нашата општина. За своето неработење, за своето инатење пренесено во забрани за испорака на услуги на нејзините претпријатија, Данела ќе одговара. Повеќе од 1.000 кривични пријави ќе бидат лично пуштени од граѓаните кои плаќаат сметки редовно секој месец“, ѝ порачува Дудуш на градоначалничката на Скопје.

Вчера Град Скопје соопшти дека организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на Општина Шуто Оризари со цел спречување на ширење на зарази и загрозување на животната средина на жителите на општината предизвикани од Курто Дудуш.

„Екоцидот кој во моментов се случува во општина Шуто Оризари е резултат на криминогеното и неодговорно однесување на градоначалникот Курто Дудуш. Имено, Дудуш си поставил свои приватни контејнери на општинските улици, а на граѓаните им наплаќа за чистење на отпад на парагон блокче за што се располага со соодветни докази. Потоа, иако знаел дека е незаконски, отпадот го складирал на свој имот односно приватна парцела во негова лична сопственост со која си склучил договор и ја дал под закуп на општината. Отпадот кој го собирал спротивно на закон и си наплаќал за истото, потоа наместо да го одложи во единствената акредитирана депонија Дрисла, тој си направил приватна депонија. За ова веќе се утврдени соодветни противзаконски дела, составени се записници и поднесена е пријава.

Жителите на Шуто Оризари не се должни да го трпат теророт од криминогениот Курто Дудуш, затоа од вечерва градот Скопје организира вонредна акција за чистење и дезинфекција на општината. Апелираме до надлежните органи итно да ги преземат сите соодветни мерки за санкционирање на лицето Курто Дудуш, а градот Скопје стои на располагање за дополнителни појаснувања и достава на сите докази со кои располага за утврдениор екоцид во режија на Дудуш“, соопшти синоќа Град Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ