петок, 13 декември 2024

Дуда: Полска е подготвена за нуклеарно оружје доколку НАТО одлучи да го зајакне своето источно крило

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека неговата земја е „подготвена“ да го дочека нуклеарното оружје на своја територија доколку НАТО, чија членка е Полска, одлучи да го зајакне своето источно крило.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку нашите сојузници одлучат да распоредат нуклеарно оружје како дел од нуклеарната размена на наша територија со цел да ја зајакнеме безбедноста на источното крило на НАТО, ние сме подготвени да го сториме тоа“, изјави Дуда за весникот Факт.

Источното крило на НАТО се соочува со распоредување на ново руско оружје во соседен Калининград како и во Белорусија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ