среда, 23 октомври 2024

Дубаи воведува летачко такси (ФОТО)

Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за воведување летечка такси услуга до 2026 година, а Дубаи ќе стане првиот град во светот кој ќе почне да нуди комерцијална електрична такси услуга, пренесува Анадолу.

Фото: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Новинската агенција Емирејтс објави на социјалната мрежа Икс дека воздушното такси Џоби ејвиејшн С4 е дизајнирано за пилот и четворица патници и дека има нулта емисија на издувни гасови.

Таксито, со максимален опсег на лет од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе биде на услуга во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, во центарот на градот, пристаништето и Палм Џумеира.

Времето на патување меѓу аеродромот и вештачките острови, за што во моментов се потребни 45 минути со автомобил, ќе биде намалено на 10 минути со летачкото такси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ