сабота, 27 јули 2024

Дубаи: Во пожар во станбена зграда загинаа 16 лица

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на цивилната одбрана на Дубаи изјави дека пожарот избувнал во саботата попладне, објави локалниот весник Халиџ тајмс.

Пожарникарите за неколку минути пристигнале на местото на несреќата, а нивната брза акција спасила многу животи.

Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал поради непочитување на прописите за безбедност, додаде портпаролот.

Надлежните органи вршат истрага за да се утврдат точните причини за несреќата.

На видеата објавени на социјалните мрежи, може да се види густ црн чад и пламен како извира низ прозорците, додека на местото на пожарот пристигнуваат противпожарните возила и возилата за итна помош.

Пожарот избувнал во петкатна зграда во еден од најстарите делови на Дубаи, каде што се наоѓаат многу продавници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ