сабота, 27 јули 2024

Дубаи ќе игра во АБА лигата, братот на Ѓоковиќ ќе биде главен во клубот

Кошаркарскиот клуб Дубаи од следната сезона ќе настапува во АБА лигата откако за тоа гласаа 11 од 12 клубови, единствено против беше Партизан.

Објавено на

часот

Сподели

Откако минатата недела членовите на АБА лигата одбија 1,5 милиони евра по сезона, Дубаи ја зголеми понудата на 2,5 милиони годишно и си обезбеди место во јадранската лига.

800 евра од таа сума ќе оди на патување и сместување на екипите и официјалните лици бидејќи Дубаи како домаќин ќе игра во својот град, а не како што претходно се шпекулираше дека во некоја од државите на јадранот.

Договорот е на три сезони, што значи дека тие ќе инвестираат 7,5 милиони евра во АБА лигата. Покрај овие средства, тие потенцираат дека се преговара и за продажба на тв правата, а лигата ќе привлече и нови спонзори.

Главен во клубот треба да биде братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе кој во улог ана потпретседател и директор на клубот денеска ја достави понудата.

Се шпекулира дека тренер на тимот ќе биде актуелниот селектор на Србија, Светислав Пешиќ.

На денешното гласање Партизан беше единствениот клуб кој не се согласуваше со начинот на кој е примен Дубаи во АБА лигата бидејќи не е запазена процедурата за тоа. Од клубот наведуваат дека не е извршена реформа на лигата која требаше да се направи пред гласањето за прием. Сега, сето тоа треба да се заврши до 30. јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ