петок, 26 јули 2024

На луѓето што на Токсиологија работеле без договор за работа ќе им биде забранет пристап до клиниката, информира Младеновска

Државниот санитарен и здравствен инспекторат  (ДСЗИ) ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на клиниката, информираше денеска директорката на ДСЗИ), Рената Младеновска. Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Токсикологија не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки што сѐ треба да се направи.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

Денеска бил извршен контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадената опомена со која беше наложено кои мерки треба да се преземат за анулирање на незаконитостите при работата на клиниката која не го запазила рокот од три дена да го извести ДСЗИ дали постапила по дадените насоки, информираше директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска.

Инспекторите констатирале дека одговорните на клиниката не постапиле по насоката на ДСЗИ, на луѓето чии договори за работа истекле на 31 декември 2023 година да им бидат одземени картичките за пријавување, па наместо тоа, тие сѐ уште доаѓле на работа.

Покрај ова, економската директорка Бесија Иљази не го потпишала известувањето на медицинскиот директор д-р Данил Петровски со кое се бара почитување на насоките на ДСЗИ.

„Во известувањето пишува дека на здравствените работници чии што договори за работа истекле на 31 декември 2023 година треба да им бидат одземени токените за електронско евидентирње на работното време, но економската директорка не го потшишала тоа известување“, изјави Младеновска.

Единствена насока по која постапила Клиниката за токсикологија, а по налог на ДСЗИ е тоа што медицинскиот директор Петровски од Управниот одбор на клиниката побарал да биде свикан состанок кој бил закажан за денеска.

Доколку не се постапи и по ова решение, Младеновска рече дека следуваат парични казни за организацискиот и за медицинскиот директор, како и за самата Клиника.

Прашана како е можно да се појавуваат на работа луѓе кои немаат договор за работа, Младеновска упати одговорот да се бара кај менаџментот на клиниката и кај Министерството за здравство.

Со организациската директорка, како што изјави, разговарале со преведувач бидејќи таа не зборува македонскиот јазик.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ