сабота, 27 јули 2024

Деновиве ќе бидат со летни температури, во понеделник и до 38 степени

Во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Максималната температура во понеделник на места ќе се искачи и до 38 степени, соопшти УХМР.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Утре ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне со можност за дожд. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната 31 степен.

Најтопло ќе биде в понеделник, со максимална температура од 30 до 38 степени.  УВ-индексот ќе изнесува 8.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ