Централен совет на ДС
„Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да отфрлат продолжение на расправата по законите во скратена постапка и да инсистираат за нив да се расправа во редовна и јавна дискусија, откако зад законите ќе застане Владата, а не група пратеници.
Доколку продолжи мајоризацијата на ДУИ и СДСМ, тогаш ќе предложиме имплементацијата на договорот да се одложи преку измена на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на автопатите на коридорите 8 и 10 д.
Доколку и натаму главна улога има Артан Груби, претходно како координатор на Комитетот за преговори при склучување на договорот со Бехтел и Енка, а сега како координатор за спроведување на договорот, кој тврди дека договорот е ‘тајна и никогаш нема да се објави’, можно е да останеме и без пари и без автопати.
Инаку, досега проценетата вредност на овој проект е 1,6 милијарди евра, но според проценките на експертите и поради лабавите клаузули во Договорот, можно е сумата да достигне и до 2 милијарди евра“, наведува Демократски сојуз во соопштението.
Фото: ДС