сабота, 27 јули 2024

ДС: Да се откаже лидерската средба и да се прогласи ден на жалост

Демократски сојуз бара да се откаже лидерската средба во Собранието, закажана за денеска и во земјата да се прогласи ден на жалост. „Во последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти“, наведува партијата. 

Објавено на

часот

Сподели

„Демократскиот сојуз до семејството на Вања Ѓорчевска изразува длабоко сочувство и жалење за трагедијата што се случи. ДС бара темелна истрага и расчистување на сите аспекти во врска со грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска, како и ликвидацијата на Панче Жежовски. Преку темелна и сеопфатна истрага ќе се разјасни и дејствувањето на МВР .

Инаку, последните неколку години во Македонија делуваат класични мафијашки организации под заштита на партиите на власт поради што тие станаа недопирливи. Познати криминалци се фотографираат со функционери на СДСМ и ДУИ и се користат во изборни активнисти. 

Поврзаниста на политиката и мафијата ги пасивизира клучните државни институции, затоа криминалците збеснаа и станаа недопирливи.

Последниот крвав настан се случи во време кога се одржуваше конференција на Советот на ОБСЕ, во Скопје и во услови на преземни највисоки мерки на безбедност. Но, овој криминален чин покажа дека мерките биле фрлање прашина во јавноста. 

Очекуваме сите вклучени во овој криминален настан да понесат одговорност. МВР, Јавното обвинителство и судот мора да работат ефикасно,одговорно и законито, без какви било пропусти и оправдувања.

Бараме Владата да прогласи Ден на жалоста, а лидерската средба да се одложи“, се вели во реакцијата на Демократски сојуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ