четврток, 26 декември 2024

Државниот завод за статистика со добра оценка од Европската комисија

Македонија е помеѓу умерено и добро ниво на подготвеност во областа на статистиката, оценува Европската комисија во извештајот за напредокот на поглавјето 18 – Статистика за 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Државниот завод за статистика, годинава е констатиран дополнителен напредок во извештајот на Европската комисија за поглавјето 18 – Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок.

„ Оценката во извештајот е уште една потврда дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ“, се наведува во соопштението.

Сите овие резултати и високи постигнувања, како што посочуваат од Државниот завод за статистика, се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ