понеделник, 28 октомври 2024

Државниот врв упати честитки по повод Успение на Пресвета Богородица

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка за празникот Успение на Пресвета Богородица, со кој се прославува мајката божја која е олицетворение на мајчинска љубов, добрина, посветеност и грижа за обесправените, оние кои страдаат и на кои им е потребна добрина и веруваат во Бога. И претседателот на Собранието Африм Гаши денеска по повод празникот 28 Август – Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите православните христијани во земјава. Претходно и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.

Објавено на

часот

Сподели

„Навистина е големо нејзиното дело и со право овој ден и празник наоѓа голема поддршка од верниот народ и се прославува со смирение, угодност и почит. Воедно денес e денот на рударите кој им го честитам од срце, посакувам среќа, Бог да ги чува низ сите предизвици и во овие моменти дозволете да испратам благодарност за нивната храбра и пожртвувана работа. Тие се значаен дел од изградбата на нашата татковина, од напорите да ги стабилизираме состојбите и да ја извадиме државата кон правиот пат. Мојата заложба е да покажеме нормалност на состојбите и за прв пат после многу години со дела да демонстрираме дека државата прави и создава за своите граѓани и дека Македонија е повторно на народот“, се вели во честитката на Мицкоски.

Тој порача дека само заедно, обединети и со голема енергија на промените можеме да го постигнеме тоа.

И претседателот на Собранието Африм Гаши денеска по повод празникот 28 Август – Успение на Пресвета Богородица упати честитка до сите православните христијани во земјава.

„Нека празникот ви донесе среќа, здравје и многи радости во вашите семејства. Овие празници се убав момент да се потсетиме колку нашите заемни традиции на почитување на верските празници и обичаи се дел од колективното памтење на нашите граѓани. Нека ваквите празници нè потсетуваат дека секогаш сме стоеле и ќе стоиме во иднина едни покрај други и едни заедно со други“, се вели во честитката.

Живееме во времиња во кои, како што наведува Гаши, во кои мораме постојано да се потсетуваме на традициите кои ни ги пренесуваат нашите родители.

„Мораме да се потсетуваме за да не заборавиме дека скромноста, искреноста, чесноста и топлината помеѓу луѓето, без разлика на нивната припадност, е составен дел на нашата историја. Сите треба да се трудиме тоа да биде составен дел и од нашата иднина. Нека ви е честит празникот Успение на Пресвета Богородица“, вели во честитката претседателот на Собранието Гаши.

Претходно и претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до г.г.Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ