„Покрај искрените честитки, таа му посака добро здравје и изрази желба за понатамошно успешно извршување на важната мисија на духовен чувар и водач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија“, соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова.
За време на прославата, на која биле присутни носителите на највисоките државни функции, била потенцирана важноста на духовната сплотеност и заедништво во градењето, застапувањето и одбраната на националните интереси. Покрај претседателката Сиљановска-Давкова, на именденскиот ручек кај поглаварот на МПЦ-ОА, гости биле и премиерот на Владата, Христијан Мицкоски, како и претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.