сабота, 27 јули 2024

Државниот обвинител со двајца обвинители го зајакнува ОЈО ГОКК

Новиот државен јавен обвител Љупчо Коцевски донел одлука Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи, обвинители во скопското Јавно обвинителство да ги упати на работа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Целта, како што е официјално соопштено, е зајакнување на капацитетите на ова обвинителство.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

„Упатувањето се врши со цел зајакнување на капацитетите за ефикасна борба против организираниот криминал и корупција, како еден од приоритетите во програмата на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски. Тој денеска оствари средба со Хаџи Василева и Азизи, како и со основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК Гаврил Бубевски и Ислам Абази, при што ја поздрави одличната соработка меѓу овие две обвинителства која придонесува за поефикасен кривичен прогон“, се вели во соопштението на Јавното обвинитеслтво.

Обвинители Хаџи Василева и Азизи, со овластување од главниот државен јавен обвинител ќе продолжат да застапуваат дел од предметите по кои постапувале до сега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ