Фото: Делчево по силното невреме
„Владата ја разгледа и усвои Информацијата за преземени активности во врска со прогласената кризна состојба на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка и донесе Одлука за утврдување на општинските патишта и улици, за кои работите за рехабилитација и реконстуркција ќе ги вршат јавни државни претпријатија. Со Одлуката, како што образложи предлагачот, Министерството за транспорт и врски, им се овозможува на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта и на Јавното претпријатие за државни патишта, и покрај тоа што станува збор за општински улици и патишта, во интерес на граѓаните, да ги преземат сите потребни мерки и активности за санирање, заштита и реконструирање на улиците во општините Делчево и Крива Паланка.
Oва е направено по доставено известување од Општината Крива Паланка, со листа на приоритети за санација на штетите на инфраструктура кои се во надлежност на општината и листа на приоритети на инфраструктурни објекти кои се во надлежност на Републиката, како и доставено известување од Општина Делчево, со листа на приоритети за улиците, атмосферските канализации, регулација на реките и мостот на река Брегалница“, наведува Владата.