сабота, 27 јули 2024
Другата страна на приказната за Коридорот 8

Државни патишта договорот за надзор над Бехтел и Енка го нуди на изволте, а оној за автопатот Кичево-Охрид го крие како змија нозе

Објавено на

часот

Сподели

Јавното претпријатие државни патишта (ЈПДП)  за едни е мајка за други маќеа. За претставниците ба ЈПДП нема ништо спорно ако договорот за надзорот, фирмата ИРД Инженеринг, што ја надгледува работата на „Бехтел и Енка“, фирма што ќе ги гради автопатиштата долж коридорите 8 и 10д, е јавен и може да се најде на страницата на Биро за јавни набавки, но има проблем со тоа, договорот за надзор на изградбата на автопатот Кичево-Охрид да биде даден на увид на јавноста.

МКД.мк трагајќи по одговори кои се од јавен интерес откри дека главниот надзор за автопатот Кичево – Охрид, фирмата Градежен институт Скопје не смее да дава информации за (зло)употребите што се вршат директно на терен и информации за тоа што е преземено по поплаките на мештаните од селата Попоец и Извор, кичевско.

Се вратија на старите огништа, здравјето го изгбија, а животот си го запустија

Гоце Митески е жител на селото Попоец. Одамна, како и сите млади заминал за Кичево за да изгради подобар живот за себе и за своето семејство. Децении после, во 2004 година, воден од носталгијата и љубовта кон родниот крај, се вратил во своето село и отворил бизнис, фарма со капацитет од 1.200 кокошки. Сѐ до пред десетина години кога поради изградбата на автопатот Кичево-Охрид му се превртел животот наопачки.

џ

Се вратив од Кичево за да живеам овде мирен живот. Направив фарма. Работата ми одеше многу добро. Но поради проблемите, особено оние со минирањето на теренот, кокошките угинаа и морав фармата да ја намалам на една третина. Сега работам колку да преживеам. Дури и куќа направив тука и сега јас немам кај да одам. Пензијата ми е минимална, мојата сопруга зема инвалидска пензија, а од нешто мора да се живее, се жали Митески.  

Тој вели дека на селануите не им смета тоа што се гради автопатот, но патот во селото низ кој што поминуваат камионите е целосно уништен.

Кога поминуваат оттука нѐ прскаат. Возачите не се виновни. Ќе ги запреме, ќе прашаме зошто вака правите, тие велат ние не сме од Гранит, изведувачот на работите. Ќе запреме да прашаме некој од Гранит, ни велат ама само два камиони поминуваат. Па те цистерната за вода е расипана. Ретко некогаш ќе дојдат да го испрскаат патот, тврди Митески.

Тој вели дека со години се жалел секаде каде што стигнал и дека веќе не знае каде да се обрати.

Морам да бидам искрен дека последниве две, три години не сум се пожалил на надлежните затоа што јас веќе психички попуштив. Но претходно кога беше Трансмет изведувач на работите постојано се жалев. Има записници во полиција. Таму ми велеа да се жалам кај надзорот на работите. Ќе се пожалев кај надзорот тие ми велеа да се жалам кај Кинезите (носителот на градежните работи н.з.). Имам и записници за штетата што ми е направена. Но тоа е веќе завршена работа. Сега немам ниту трпение ниту нерви да се борам. Не знам каде да се обратам. Изгубив и надеж и верба во сите. Буквално се разболевме сите дома, со едвај чуен глас раскажува Митески.

к

И скопјанецот Зоран Николоски има слична приказна. Тој по потекло е од селото Попоец и вели дека ги изгубил нервите трагајќи по правдата. Споменот од безгрижното детство и младоста, покрај водите во селото Попоец сега се само бледа сенка. Го нема ниту стариот пат изграден со самопридонес ниту жуборот на реката која сега е затрупана со цемент и бетон.

ј

„Она што последно се случува е тоа што тешката механизација која може да поминува по веќе изградената делница од автопатот не се користи туку продолжува да поминува низ селото. Освен уништените селски улици наесен се соочуваме со недостиг на вода. Се сомневаме дека се користи селскиот водовод за полнење на вода на цистерни од седум тони на туѓ, приватен имот. Реката што поминува токму пред мојата куќа веќе не е река. Еве девет години не можам да седнам надвор, во мојот двор, во мојата куќа. Дополнително без моја согласност ги оставаат големите бетонски носачи за мостовите што се градат.  Сум се обратил секаде. И кај генералниот директор на Гранит. И до нивната правна служба. И до надзорот. Засега решение за нашите проблеми нема“, вели Николоски.

А за дел од проблемите на Игор Богоески  родум од селото Извор, чии спомени засекогаш се срамнати со земја, МКД.мк пишуваше во првиот дел од ова наше истражување.

Сега имам проблем со Гранит со плевната и овошната градина и со вирот. Гранит се нафати дека ќе го направи вирот и ќе ја спроведе водата. Но ниту прави ниту нешто ќе направи. Од 2013 година сме по судови. Кога прашувам на суд што се случува, тие ми велат, ама знаеш таква е наредбата од Скопје. Скоро цело село има спор со изведувачот на работите“, тврди Богоески.

Надзор има, поплаки нема, вистината изгоре во пожарот

Ангел Настов е главниот надзор од Градежниот институт од Скопје. Тој вели дека за сите случувања на теренот на месечно ниво доставува извештаи до инвеститорот односно до ЈПДП. Настов за МКД.мк објаснува дека според член 22 од договорот за вршење на надзорот тој не може да даде никакви информации поврзани со изградбата на автопатот Кичево –Охрид. За сите прашања, вели тој мора да добие согласност од инвеститорот, односно од ЈПДП.

„На барање на медиумите за информации за јавноста настапува преднадзорниот тим во доменот на информации од технички карактер кои се однесуваат на проектот со претходна согласност на инвеститорот“, пишува во дел од договорот кој предвидува забрана на надзорот да дава информации на медиумите ако претходно за тоа не добие согласност од ЈП државни патишта како инвеститор на автопатот Кичево-Охрид.

А од ЈПДП на поставените прашања од МКД.мк велат дека јавното претпријаите, поточно задолжените инженери секоја недела вршат теренски увиди во изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Дополнително на дневно ниво тие се во постојана комуникација со изведувачот и надзорот над работите. Од ЈПДП немаат информација дека жителите од Попоец и Извор поднеле полаки до ова јавно претпријатие.

х

Исто така, надзорот покрај тоа што на дневна основа врши контроли, е должен да доставува и детални месечни извештаи за одвивањето на градежните активности и на сите пропратни активности поврзани со изградбата. Покрај ова, најмалку еднаш месечно ЈПДП, односно инженерите и раководните лица има состанок со изведувачот и надзорот над работите. Немаме информација дека има поднесено поплаки од жителите на наведените места. Во последните три години нема ниту барања за информации од јавен карактер поврзани со изградбата на автопатот Кичево-Охрид, велат од ЈПДП.

И од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) велат дека немаат добиено барања за информации од јавен карактер за изградбата на овој автопат. На прашањето на МКД.мк какви неправилности констатирал инспекторатот при контрола на изградбата на автопатот Кичево-Охрид добивме одговор дека одговор на ова прашање нема.

„ДИЖС досега постапувал во два случаи по претставка на граѓани. За еден од нив информации нема затоа што сета документација изгоре во пожарот во 2020 година. Други надзори не се вршени. Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер не сме добиле“, велат од инспекторатот.

Сепак, МКД.мк поседува докази кои ја потврдуваат сета голгота низ кои поминуваат мештаните на селата Попоец и Извор. Редакцијата ќе упати дополнителни прашања до надлежните институции и штом добиеме одговори тие веднаш ќе бидат објавени. 

н

598 милиони евра е последната пресметка на Министерството за транспорт и врски, пари предвидени за изградба на автопатот Кичево-Охрид, долг 57 километри, кој ги поврзува Албанија, Македонија и Бугарија и е дел од паневропскиот коридор 8. Копнениот дел на овој коридор почнува во Драч, Албанија, преку Струга, Кичево, Тетово, Скопје и завршува во Варна, Бугарија.

                                                                                                                                         Искра Опетческа

                                                                                                                          Фото: Роберт Атанасовски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ