петок, 18 октомври 2024

Државите ги враќаат златните резерви од странство

Објавено на

часот

Сподели

Главната причина за овој потег се западните санкции против Русија и замрзнувањето на нејзиниот имот, пренесува агенцијата Ројтерс.

Инвеско оваа година спровел истражување во кое биле вклучени централните банки и државните фондови од неколку земји, а тоа покажало дека 68 од анкетираните организации ги чуваат своите златни резерви во матичните земји.

Во 2020 година оваа бројка била 50 отсто. Ројтерс овој тренд го припишува на замрзнувањето на половина на руските златни и девизни резерви во вредност од 583,74 милијарди евра во рамки на санкциите.

За еден од анкетираните субјекти, златото е „безбедно засолниште кое треба да се обезбеди“.

Повеќе од 85 отсто од анкетираните 85 државни фондови и 57 централни банки веруваат дека инфлацијата само ќе расте во следната деценија. Околу 80 отсто од вкупните 142 учесници на истражувањето сметаат дека геополитичките тензии се главниот ризик во следната деценија.

Уделот на поддржувачите на кинескиот јуан како алтернатива на доларот паднал на 18 отсто во споредба со 29 отсто една година претходно, наведува Инвеско.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ