сабота, 27 јули 2024

Државата се спрема на Трамп да му земе голф терен и имот северно од Менхетн

Канцеларијата на државниот обвинител на државата Њујорк донесе пресуди во округот Вестчестер, што е прва индикација дека државата се подготвува да го одземе теренот на Доналд Трамп и приватен имот северно од Менхетн, познат како Севен спрингс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Државните адвокати донеле пресуди во округот Вестчестер, само една недела откако судијата Артур Енгорон одлучи дека Трамп треба да плати казна од 464 милиони долари за тужбата која е поднесена против него, неговите синови и нивната организација, пренесува Си-ен-ен.

Донесувањето на пресудата е првиот чекор кој доверителот го презема во онид да ја наплати казната. Дополнителни чекори, како ставање заложни права на имотот или почнување постапка за одземање на имотот, или преземање други акции пред судот, ќе бидат преземени ако имотот се одзема.

Пресудата е веќе внесена во Њујорк каде Трамп има недвижности, вклучувајќи ја Трамп кулата, пентхаусот во Трамп кулата, 40 Волстрит, неговиот хотел покрај Централ парк и бројни станбени згради.

Според прегледот на документите кој го објави Си-ен-ен, пресудите не се внесени во окрузите на Флорида, вклучувајќи ги Мајами у Палм бич, каде се наоѓа имотот на Трамп Мар а лаго и Националниот голф клуб и одморалиште на Трамп, или во округот Кук, во Илиноис, каде Трамп има хотел во Чикаго.

Трамп сега има четири дена да даде гаранција или да го убеди апелацискиот суд да му дозволи да уплати помал износ или да го одложи плаќањето до одлуката за жалбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ