петок, 18 октомври 2024

Државата не може да обезбеди сигурност во обезбедувањето на струја на долг рок, констатира ДЗР

Објавено на

часот

Сподели

Државата располага со ограничени необновливи енергетски ресурси и застарени капацитети кои не можат да обезбедат стабилност во производство на електрична енергија. Тоа ја прави државата увозно зависна, а со што е под директно влијание на цените и на енергенсите и на струјата на отворениот пазар, што посебно неповолно се одрази за време на енергетската криза“, констатирале ревизорите.

Оттаму посочуваат дека во насока на остварување на преземените меѓународни обврски и обезбедување на „зелена енергија‘‘ надлежните презеле мерки и активности за зголемување на учеството на обновливи извори на енергија во вкупно произведена струја, но тие се одвиваат без прецизни плански активности, со административни ограничувања и забавено темпо.

Проектните активности за подобрување на енергетската ефикасност се со низок степен на имплементација и недоволна вклученост на општините. Донесени се повеќе мерки за ублажување на ефектите од енергетската криза, кои се делумно применети од институциите на централно и локално ниво и отсуствуваат контролни механизми за нивно следење, со цел да се добијат посакуваните резултати и ефекти“, пишува во Извештајот на ДЗР.

Македонија располага со ограничени ресурси на јаглен, а новите наоѓалишта сѐ уште не се експлоатираат, поради што се врши набавка на јаглен за кој се издвојуваат значителни финансиски средства. Производствените капацитети кои учествуваат во обезбедување на таканаречена „базна енергија се застарени, што влијае на појава на чести дефекти, а со тоа и на намалување на производството на струја, констатирлае ревизорите од ДЗР.

Подолг временски период не се извршени големи инвестициски активности за модернизација на постоечките капацитети, како и изградба на нови кои користат енергенси што не ја загрозуваат животната средина, со што ќе се обезбеди поголемо производство на струја, енергетска стабилност и одржливост на долг рок. Иако се разгледувани можностите за зголемување на производството на струја од гас преку изградба на гасни електрани, истите се уште не се реализирани“, наведува ДЗР.

Производството на струја од обновливи извори на енергија учествува со околу 30 отсто во вкупното производство на електрична енергија, а во периодот на енергетска криза заинтересираноста за фотоволтаични електроцентрали бележи тренд на зголемување, велат од ДЗР.

Со извршената ревизија утврдивме дека недостасуваат точни и детални информации за постапката за изградба на електроцентрали за производство на струја од обновливи извори на енергија, за начинот на приклучок во дистрибутивната и преносната мрежа и податоци за можната финансиска и временска рамка на инвестициите, што ја прави постапката сложена, бавна и не ефикасна. Постојат слабости во начинот на уредување на мерките за поддршка на производство на струја од обновливи извори на енергија кои предизвикуваат нарушување на начелото на конкурентноста при доделување на премии и на пазарот на електрична енергија. Искористената можност за раскинување на договорите од производителите кои користат повластени тарифи, на кои во минатиот период им е дадена државна поддршка во износ од 2.751.025 илјади денари, неповолно се одразила за време на енергетска криза“, констатирале ревизорите.

Од ДЗР велат дека имплементацијата на националната политика за енергетска ефикасност треба да се врши преку активна вклученост на општините, но оттаму утврдиле дека мал е бројот на општини кои имаат донесено Програми за енергетска ефикасност, што влијае на ненавремено планирање и преземање на мерки и активности за подобрување на енергетска ефикасност и заштеда на струја.

За надминување на состојбата со енергетската криза од страна на Владата донесени се задолженија и препораки за заштеда на струја од 15 отсто, при што на вкупно ниво постигнати се заштеди, но поединечно голем број институции не ги почитувале мерките за штедење. Финансиски средства во износ од 17.197.808 илјади денари кои Владата во 2021 и 2022 година ги доделила како државна поддршка на најголемиот производител на струја во земјата, се потрошени за обезбедување финансиска поддршка за набавка на ресурси за производство на струја, набавка на струја на отворен пазар и други трошоци за одржување на тековната ликвидност на друштвото за справување со енергетската криза“, пишува во Извештајот на ДЗР.

Од страна на законските застапници на ЕСМ Скопје, Регулаторната комисија за енергетика, Електродистрибуција Скопје и Министерството за економија доставиле вкупно 25 забелешки, известувања, коментари и мислења на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор. Истите се разгледани и констатирано е дека 9 од нив претставуваат известувања и образложенија, 8 забелешки не се прифатени и 8 забелешки се делумно прифатени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ