недела, 3 ноември 2024

Државата бара чаре како да ги поедностави процедурите за легализација на градбите и регистрација на фармите

Објавено на

часот

Сподели

На јавна дебата денеска беа анализирани можните решенија за легализација, пренамена и упростување на постапката за добивање дозволи за градба на објекти за примарна обработка на земјоделски производи во и надвор од населено место, на што беше укажувано изминатиот период.

„Сакаме  фармерите и сточарите да немаат пречки во наредната ИПАРД програма што почнува  за два месеца. Затоа во наредните два месеца сакаме да најдеме начин како да се поедностават процедурите и како да се олесни можноста за легализација на постојните фарми во и вон населено место, како да се олесни пристапот, начинот за градење нови фарми за кои имаме капацитет, а пак тие од друга страна да бидат подготвени со целокупната документација и да можат да аплицираат за ИПАРД програмата што следи“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Целта, како што рече, е да се зголеми искористеноста на ИПАРД фондовите од сточарите односно  да се овозможи поголем број пректи со ИПАРД 3.

„Единствена земја во регионот сме што ќе ја почне ИПАРД 3 програмата, а ќе ја заврши ИПАРД 2 со рекордна искористеност. Нашите анализи покажуваат дека има потенцијал за развојот на сточарството заради тоа што сточарите со најмал број договори искористиле 10 проценти од целата ИПАРД програма“, рече Николовски.

Тој потсети дека земјоделците кои се занимаваат со примарно земјоделство со децении наназад се соочуваат со проблеми при градење, пренамена и легализација на придружните објекти на фармите, поради постојните законски решенија.

„Темата е исклучително комплексна и затоа се вклучени сите институции кои ќе бидат дел од работната група која до крајот на мај ќе треба да го испорача законското решение, како фармите да ги издвоиме од постојните регулативи и да овозможиме брз и поедностабен начин, секако почитувајќи ги останатите закони, но да го олесниме начинот и постапката за регистрација на фармите а со тоа и отстранувањето на кочниците што ги констатиравме, како фармерите ќе може да аплицираат за овие програми и за кредити.  Кај сите постои желба да се помогне во решавање на ова, заеднички да се предложат креативни решенија, секоја институција во рамки на своите надлжености со што ќе помогнеме фармите да станат поконкуретни и да го отвориме патот на зголемен пристап до сите мерки и политики и на министерството  и на Програмата за рурален развој, на ЕУ фондовите и особено на новата ИПАРД програма во која имаме 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ“, рече Николовски. 

На дебатата  присуствуваа и министерите за транспорт и врски Благој Бочварски, за локална самоуправа Ристо Пенов и за животна средина Каја Шукова, како и претставници на УСАИД, декани на факултети, директори на институции, претставници на земјоделски здруженија и фармери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ