сабота, 27 јули 2024
По повод „Детската недела“

Дружба и многу детски насмевки во кабинетот на министерот Спасовски и кругот на МВР (ФОТО)

Со детски насмевки денес беше исполнет кругот на Министерството за внатрешни работи, а и кабинетот на министерот Оливер Спасовски. Вработените во МВР благодарение на посетата на малите дечиња од предучилишна возраст за миг заборавија на секојдневието и сложените задачи кои ги носи работата во МВР слушајќи ги стиховите од песната посветена на полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во рамки на „Детската недела“ која се одбележува секоја прва недела во месец октомври со цел развивање на општествената активност за афирмација на заштитата на децата, а како продолжение на проектот „Отворен кабинет“ на Министерството за внатрешни работи, министерот Спасовски го отвори кабинетот за децата од Јавната општинска установа – детска градинка „Ангел Шајче“ од Куманово, која работи со престој на деца како од предучилишна, така и од училишна возраст.

Деца

Целта на посетата беше најмладите да се запознаат со професијата полициски службеник, неговите основни работни обврски, како и со дел од опремата и возилата кои полицијата ги користи во секојдневното работење во функција на што поголема безбедност на граѓаните.

детсканедела

„Со задоволство ги учевме децата за нашата работа, а бев почестен и со убава детска песничка. Во Кабинетот им ги покажав цртежите кои децата ги подарија на минатата средба во Куманово. Им го објаснив значењето на полицијата во општеството, важноста на целокупната безбедност, а посебно онаа на најмладите кои се најголемото богатство не само за нивните родители, туку и за државата во целост. Во оваа прилика им доделив пригодни подароци, а разговаравме со нив и за неопходноста да бидат посветени во учењето, со што ќе се стекнат со богато знаење, да продолжат да ги сакаат и почитуваат своите родители, учителите, блиските и другарчињата, да се грижат за сопственото здравје и за животната средина и да израснат во примерни граѓани кои ќе ја сакаат, ќе се грижат и ќе ја водат државата“, напиша министерот Спасовски на социјалните мрежи. 

полиција

Претходно, дечињата во кругот на МВР беа пречекани од припадниците на Единицата за брзо распоредување, на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Униформираната полиција, каде имаа несекојдневна можност да разгледаат дел од опремата на полицијата, а воодушевување кај нив предизвикаа и дел од боречките вештините кои ги негуваат припадниците на МВР.

Фотографиите се преземени ос официјалната фејбук-страница на министерот Оливер Спасовски каде се објавени со дозвола. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ