сабота, 27 јули 2024

Друштвото на писатели на Македонија стана нов член на Европскиот писателски совет

Објавено на

часот

Сподели

Ова за Друштвото на писателите на Македонија подразбира отворање можности за различни форми на соработка со 160.000 писатели и преведувачи од 46 европски национални организации на писатели и преведувачи во 30 земји, вклучувајќи ги земјите од ЕУ, но и други европски земји.

Во име на Друштвото на писателите на Македонија се обрати македонскиот писател м-р Стефан Марковски.

„Од самото формирање на 13.02.1947 година, Друштвото на писателите на Македонија и неговите членови се во самиот епицентар на книжевните манифестации, инкорпорирајќи го основањето, но и тековните активности на меѓународните литературни фестивали, како што се Струшките вечери на поезијата, Рациновите средби, Празник на липите и другите книжевни настани. Друштвото ја промовираше широко распространетата и континуирано развојна употреба на македонскиот јазик во сите литературни жанрови веднаш по неговата официјална кодификација, врз основа на идеите на Крсте Петков Мисирков, активности со сопствен придонес кон меѓународното признавање на македонскиот јазик на Третата Конференција на ОН за стандардизација на географските имиња, одржана во Атина во 1977 година“, вели Марковски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ