сабота, 27 јули 2024

Другите се отепаа од контролки, Македонија ја има само денешната

Објавено на

часот

Сподели

Селекторот Шундовски смета дека нема потреба од повеќе пријателски средби

Дуелот треба да даде одговор на повеќе прашања поврзани со формата, играта и подготвеноста на ракометарите да се справат со она што ги очекува во групната фаза од ЕП во Ниш. Од сегашните 19 ракометари, колку што селекторот Звонко Шундовски има на располагање, тројца ќе останат дома и евентуално ќе чекаат шанса за настап во вториот круг, доколку се пласираме.
Денеска шанса ќе добијат сите што беа на подготовки, со исклучок на Ванчо Димовски. Тој останува во Скопје на рехабилитација и потоа му се приклучува на тимот, по што ќе мине лекарски преглед за да се утврди дали и колку може да издржи.

За разлика од другите репрезентации – наши противници, кои одиграа или ќе одиграат по неколку средби, ние имаме само една контролна. Селекторот Звонко Шундовски реши да ги избегне репрезентациите со кои сме во иста група, односно Германија, Шведска и Чешка. Во Хрватска сега се игра „Kроација куп“ каде што ќе настапува и Шведска, но ние го откажавме настапот таму, иако првично беше потврдено учеството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ