петок, 18 октомври 2024
Легендата на „сините“ разочаран од новото раководство

Дрогба жестоко го нападна Боли: Со Абрамович беше друга песна, Челси имаше класа и стил!

Објавено на

часот

Сподели

Тод Боли инвестираше како никој друг претходно и потроши преку 600 милиони фунти на засилувањa, но Челси има разочарувачка сезона, синоќа по втор пат загуби од Реал Мадрид и доживеа елиминација во Лигата на шампиони.

Критиките кон „сините“ доаѓаат од сите страни, а по новиот неуспех, Дидје Дрогба реши жестоко да распали по новиот сопственик Тод Боли и неговите соработници.

„Овој клуб имаше одредена класа и стил во ерата на Абрамович, сега не гледам ништо такво. Тешко ми е кога гледам како тие се ослободија од одредени луѓе. Треба да се вратат на принципите и вредностите од претходно. Повеќе не го препознавам мојот клуб“ – вели поранешниот напаѓач на Челси.

Со промената на сопственоста, од клубот си заминаа луѓе како Брус Бак, Марина Грановскаја, Петр Чех и многу други.

„Повеќе не е истиот клуб. Има нов сопственик и нова визија. Секако, се прават споредби со ерата на Абрамович, кога исто така многу нови играчи пристигнаа, но потезите кои се влечеа беа интелигентни“.

„Со ангажман на играчи како Петр Чех, Андриј Шевченко, Ернан Креспо, Микаел Есиен, Дидје Дрогба, Флорен Малуда и многу други, тоа се правеше за да се освoјат титули“.

„Сите овие се играчи со одредено искуство. Стратегијата сега е поинаква, се вложува во млади фудбалери. Но кога имате соблекувална со преку 30 играчи, тешко им е на тренерите да ја менаџираат“.

„Во составот нема харизматични лидери. Потребни ви се играчи кои не се плашат, кои превземаат одговорност. Потребни ви се играчи кои предизвикуваат лудило на стадионот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ