петок, 18 октомври 2024

Дрогба ќе стане втор најплатен фудбалер, Тевез во ПСЖ?

Објавено на

часот

Сподели

Дидие Дрогба

Според англиските медиуми, репрезентативецот на Брегот На Слоновата Коска летово ќе замине во Кина за неверојатни 15 милиони евра по сезона.

Шангај Шенху подготви понуда што не се одбива. Имено, овој кинески клуб, чиј член е француската ѕвезда Николас Анелка, доскорашен соиграч на Дрогба во Челси, му нуди 300.000 евра неделно на Дрогба, или нешто над 15 милиони евра по сезона.

Тренер во овој тим е Жан Тигана, а со трансферот на Дрогба, кој би дошол како слободен играч, ќе стане втор најскапоплатен фудбалер, зад Камерунецот Самуел Ето, кој заработува околу 18 милиони евра по сезона.

Карлос Тевез

Аргентинецот Карлос Тевез е пред вратите на „Паркот на принцовите“. Според таблоидот „Сан“, богатите Катарци-сопственици на парискиот клуб подготвиле 74 милиони фунти за да го ангажираат Тевез. И тоа 31 милион за трансфер обесштетување кон Манчестер сити и 43 милиони фунти за плата за темпераментниот напаѓач.
Според најавите, Тевез треба да потпише три и полгодишен договор, со што би станал најплатен фудбалер во Франција: ваквата понуда веќе извесно е дека ќе ги исклучи од трка двата милански гиганти Интер и Милан, кои се бореа за потписот на Аргентинецот.

„Сите знаат дека сакаме напаѓач. Карлос Тевез? Тоа е голема шанса да донесеме голем напаѓач. Тој не игра за Манчестер сити, а сака да игра. Мислам дека ќе најдеме добро решение. Ако дојде, за 15 дена ќе го вратиме во вистинското светло“, најави Карло Анчелоти, новиот тренер на ПСЖ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ