сабота, 27 јули 2024

Дрога, пушка и дробилка најдени во пасат без регистерски таблички

Полицијата вчера на Јакимовски пат во Виница го лишила од слобода Д.Ѓ.(27) од виничкото село Јакимово. При претрес кај него и во неговото патничко возило фолсвгаен пасат без регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка и воздушна пушка.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во село Јакимово. Таму биле пронајдени и одземени пиштол и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ