сабота, 27 јули 2024
Несобраниот отпад создаде хаос во Скопје

Дрисла одбива да ги прими камионите со смет организирани од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдија нашата информација, но детали не кажаа.

Причина за ова, како што дознава МКД.мк, било тоа што градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, не била известена за акцијата на собирање смет организирана од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Вработените на депонијата добиле наредба да се пуштаат само камиони од oпштините Сарај и Карпош, но не и од другите скопски општини.

Сѐ уште нема информации дали членовите на Кризниот штаб на град Скопје знаат за ова, но се очекува по итната седница што се одржува во моментов да има изјава за медиумите. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ