недела, 12 јануари 2025

Дрин Ахмети освен концесија за каменолом, од Владата доби и концесија за хидроелектрана

Објавено на

часот

Сподели

Надоместот за концесијата беше 2.541.000 денари, а годишниот надомест 2% од произведената електрична енергија.

На вчерашната прес-конференција Дрин Ахмети рече дека е тука во секое време да одговори на сите прашања поврзани со неговиот бизнис. На прашањето за хидроцентралата немаме уште одговор.

Ахмети поседува четири компании.

Еверест ЏД, фирмата која има концесија за варовник и договор со ЕСМ за купопродажба на варовник. 

„Имав 18 години кога почнав истовремено да работам и да студирам и тоа помогна во моето искуство“, изјави внукот на Ахмети додавајќи дека чичко му Али, како што рече, не му помогнал во бизнисите.

Тор индустрис е фирмата за која денеска дознавме дека ќе биде 39 отсто сопственик на акциите на бизнис центарот Соравиа (15 илјади квадратни метри во центарот на Скопје).

Хелиос плант од Кичево е фирма за производство на електрична енергија.

„Ја имам и Потам плант, фирма за производство на обновлива енергија, каде имам 33 % од сопственоста“, рече Дрин Ахмети.

                                                                                                                                                                        А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ