вторник, 7 јануари 2025

Дранго немал дозвола за пушка, а на патот Битола-Ресен немало сообраќајка со усмртена мечка

Според официјалните инфомации од МВР заменик директорот на „Македонија пат“, Сашо Дранго, нема дозвола за поседување на оружје, затоа што му била одземена пред 7 години поради сторен прекршок. Битолската полиција исто така информираше дека на патот Битола-Ресен нема регистрирано сообраќајна несреќа со усмртена мечка, јави ТВ Телма.

Објавено на

часот

Сподели

Здружението за заштита на животни Анима мунди пред три дена објави фотографија на Дранго со мртва мечка, која ја придржува со кабел околу вратот, а тој е во ловџиска униформа и вооружен со снајперска пушка.

Дранго во изјава за медиуми тврдеше дека мечката е усмртена во сообраќајна несреќа на патот Битола – Ресен, кај Ротино, а тој како вработен во „Македонија пат“ учествувал во отстранувањето на животното од коловозот, по што се фотографирал, без да објасни зошто е во ловџиско одело и вооружен.

Од Анима мунди велат дека при усмртување на животно во сообраќајна несреќа треба да дојде МВР,  екипа на Агенција за храна и ветерина… Вработените во „Македонија пат“ сигурно не одат во ловечка униформа, со пушка со дурбин за да отстрануваат мечки и сигурно не ги носат  во планина за да се сликаат како да се ловен трофеј, вели Столе Велковски од Анима мунди.

Во Македонија според законот забранет е ловот на мечка, а за непочитување на законските одредби предвидена е парична, но и затворска казна до три години.

Од Основното јавно обвинителство во Битола соопштија дека веќе е оформен предмет по допрен глас, а настанот во целост ќе се проверува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ