сабота, 27 јули 2024

Драмски театар со „Чудесна терапија“ гостува во Сараево

Објавено на

часот

Сподели

Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. Димче Николовски во режисерската белешка за претставата истакнува дека големината на една интимна врска меѓу двајца, се мери преку одговорот на прашањето: Дали врската успева да постои и надвор од љубовта?

„Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, умее да создаде нов, поголем проблем. Прашањата што ги отвора претставата се: Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински разговорот да ни помогне“, наведува режисерот.

Со изведбата на „Чудесна терапија“ Драмскиот театар гостуваше на Охридско лето во 2020 година, а во рамките на фестивалот РУТА, гостуваше на Бриони во Хрватска во август 2021 година каде имаше извонреден прием кај публика.

Премиерата на „Чудесна терапија“ беше во септември 2019 година, и досега има 28 изведби, наведуваат од Драмски театар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ