сабота, 27 јули 2024

Драматично загаден воздухот во Скопје, покажува Пулс еко

Домашната интернет страница Пулс еко, која податоците ги црпи од повеќе мерни станици поставени низ Скопје, покажува ужасна, драматична загаденост на воздухот низ целиот град, а екстремно ужасна во одделни населби.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Мапата која е прикажана и ја споделува МКД.мк, покажува дека во 21 часот загаденоста на воздухот е многу висока, со екстремно високи вредности на ПМ честичките и, како што може да се прочита од самата страница, оценката е дека воздухот е ужасно загаден.

Особено ужасен е воздухот во населбите Лисиче, Ново Лисиче, Маџир Маало и Дебар Маало, (мерна станица блиску до Владата, делови од Кисела Вода и 11 Октомври, делот од населбите од булевар Србија кон Пинтија и други населби, речиси без исклучок цело Скопје и околината.

Аларманти се и податоците прикажани на специјализираната интернет страница waqi.info, a на интернет страницата Ервижуал, во истото време, Скопје е пласирано на 11-то место во светот.

Но, ако се погледне загаденоста на најзагадените градови во светот, како милионските центри од Азија, делови од Скопје имаат и позагаден воздух од просекот измерен во тие мегалополиси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ