Мапата која е прикажана и ја споделува МКД.мк, покажува дека во 21 часот загаденоста на воздухот е многу висока, со екстремно високи вредности на ПМ честичките и, како што може да се прочита од самата страница, оценката е дека воздухот е ужасно загаден.
Особено ужасен е воздухот во населбите Лисиче, Ново Лисиче, Маџир Маало и Дебар Маало, (мерна станица блиску до Владата, делови од Кисела Вода и 11 Октомври, делот од населбите од булевар Србија кон Пинтија и други населби, речиси без исклучок цело Скопје и околината.
Аларманти се и податоците прикажани на специјализираната интернет страница waqi.info, a на интернет страницата Ервижуал, во истото време, Скопје е пласирано на 11-то место во светот.
Но, ако се погледне загаденоста на најзагадените градови во светот, како милионските центри од Азија, делови од Скопје имаат и позагаден воздух од просекот измерен во тие мегалополиси.