понеделник, 16 септември 2024

Драматичнo е во Мариово, граѓани со лопати одат кон огнот (ФОТО)

Седми ден продолжува борбата со застрашувачкиот пожар во Мариово кој беснее во должина од над 30 километри, но со периметар од 110 километри, а пожарникарите се борат да го локализираат и да спасат неколку села и манастири. Граѓани вооружени со лопати одат кон огнот. Инаку, Ценатарот за управување со кризи – ЦУК утрово јави дека во текот на вчеаршниот имало 19 пожари на отворен простор низ Македонија, а дека утрово се активни 7 пожари. Под контрола се 3 пожари, а девет вчера биле изгаснати.

Фото: Ирена Стерјоска Локвенец со граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Началничката на прилепскиот кризен штаб, Ирена Стерјоска Локвенец упати драматичен апел до граѓаните:

„Состојбата со пожарот во населеното место Крушевица е алармантна! Ги повикувам сите добронамерни луѓе кои што се во можност да се вклучат во активно гаснење на пожарот а со себе да понесат соодветен алат (лопати) облека и обувки. Се надевам на сплотеност од сите граѓани, потребни сте ни како никогаш до сега“!

Покрај тоа што се води битка за спас на населените места и верските објекти кои ги има во голем број, силите се насочени и да не се дозволи пожарот да излезе од прилепската општина и да премине во атарот на други општини.

„Тимовите работат интензивно кај Дрен и Смолани за пожарот да не се прошири во кавадаречкиот регион, а на располагање во вкупните сили се и 100 припадници на армијата, 30 од специјалната единица на полицијата, 30 луѓе од ЈП Национални шуми , пожарникари од повеќе градови и секако, месното население. Голема благодарност до сите кои излегоа во голем број и успеавме да ги зачуваме објектите“, вели Стерјовска Локвенец.

Републичкиот кризен штаб за заштита и спасување донесе одлука командувањето и управувањето со кризата во Мариово да ја врши Дирекцијата за заштита и спасување, но прилепскиот кризен штаб останува активен да ја следи и организира ситуацијата на теренот.

ЦУК информира каде денеска останува критична состојбата:

1. Мариово – Општина Прилеп с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец – с.Чумово – с.Селце – с.Лениште – с.Беловодица – с.Смолани – с.Дрен (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);

2. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Ораов Дол (активен), с.Оморани (локализиран), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);

3. Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостебелста шума);

4. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);

5. Општина Долнени 1: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);

6. Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);

7. Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума).


Под контрола се следните пожари:

1. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);

2. Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);

3. Општина Делчево: Градска депонија (ѓубре).

Изгаснати се пожарите на следниве локации:

1. Општина Гостивар: нас.Млаки, близу муслиманските гробишта (сува трева);

2. Општина Струмица: м.в.Суфилар (сува трева и гаража);

3. Општина Василево: с.Чанаклија – с.Нова маала (сува трева);

4. Општина Куманово: нас.Карпош (грмушки и сува трева);

5. Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (ѓубре);

6. Општина Студеничани 1: с.Вртекица (мешана шума и сува трева);

7. Општина Студеничани 2: с.Долно Количани (мешана шума и сува трева);

8. Општина Кичево: с.Црвивци (ѓубре);

9. Општина Македонски Брод: с.Русјаци (сува трева).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ