сабота, 27 јули 2024
Хрватска

Драматична битка на пожарникарите во Осиек: Опремата ни се топи од температурата, ова е пекол!“ (ВИДЕО)

Во погонот на хрватската компанија „Драва интернационал“ Осиек во близина на приградската населба Бријест во средата по полноќ дошло до пожар на складирана пластика на отворен простор, кој професионални и доброволни противпожарни единици се обидуваат да го локализираат, соопшти кабинетот на Цивилната заштита на градот Осиек. Горат повеќе од 10 хектари пластика.

Објавено на

часот

Сподели

Началникот на кабинетот, заменик-градоначалникот на Осиек Драган Вулин изјави дека пожарот сѐ уште не е ставен под контрола, а во гаснењето се ангажирани сите доброволни противпожарни компании од градското подрачје, заедно со Јавната противпожарна служба Осиек.

Тој посочува дека дојавата за пожарот била примена 40-тина минути по полноќ, дека пожарот засега сѐ уште не е локализиран, но дека сите расположливи противпожарни сили, како и багери од градските претпријатија се на терен да направат коридор и да го спречат ширењето на пожарот.

„Ситуацијата е ужасна. Гори повеќе од 10 хектари пластика и стигна до ѕидовите на фабриката. Во моментов ги отстрануваме сите запаливи и експлозивни предмети за да спречиме пожарот да се прошири и на таа зграда. За жал, еден објект веќе се запали. Не можевме да го спасиме. Температурата што се создава е неверојатна, едноставно кажано ужасна, не можеш да се приближиш ни на 30 метри затоа што опремата ни се топи. Хидрантската мрежа во рамки на фабриката остана без вода, па малку по малку остануваме без вода во клучни моменти, а и да имавме вода ќе беше многу тешко да се изгасне пожарот. Засега сите сме живи и здрави, но ова е пекол. Друг збор нема. Вакво нешто досега не сум видел“, вели за Глас Славонија Борис Бањан, заменик командир на Јавната противпожарна станица Осиек.

Багери градат коридори на полето со пластичен отпад со цел да го локализираат пожарот, јавува ХРТ.

Дел од странските работници, кои живееле и работеле во погонот, сѐ уште чекаат транспорт до спортската сала Југ 2, каде ќе бидат згрижени. Покрај чадот, низ областа почнала да се шири и смрдеа на изгорена пластика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ