ГН на Германија во Заксенринг донесе возбудлива трка со драматичен финиш, Хорхе Мартин се радуваше на прва победа по 2021 година.
Шпанецот рано поведе и диктираше брзо темпо кое можеше да го прати само Бањаја. Актуелниот шампион долго време го градеше својот напад и во кругот број 21 изби на пвото место. Сепак, Хорхе Мартин не се предаде и во 24 круг се врати на чело на колоната.
Потоа започна надмудрување на патеката, Хорхе Мартин умешно се бранеше затварајќи ја тркачката линија, во последната кривина во претпоследниот круг дури дојде и до контакт по кој Пеко Бањаја го загуби ритамот. Италијанецот не се откажа до самиот финиш, но Хорхе Мартин одолеа и ја мина целта со само 0.064 секунди предност за голема радост.
Последното место на пиедесталот му припадна на Жоан Зарко.
More @88jorgemartin magic at the Sachsenring! ?
The Spaniard seals the perfect weekend with his second victory! ? ?#GermanGP ?? pic.twitter.com/ors6rnTVh4
— MotoGP™? (@MotoGP) June 18, 2023