недела, 20 октомври 2024

Драмата во Пакистан заврши, сите се извлечени од жичарницата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Со тоа заврши спасувачката акција, соопшти пакистанското министерство за внатрешни работи.

Како што пренесува Ројтерс, мисијата за спасување била комплицирана поради налетите на ветер во таа област и фактот што лопатките на роторот на хеликоптерот ризикувале дополнително да ја дестабилизираат жичарницата.

Децата со жичарницата одела на училиште во северозападен Пакистан, во планинскиот дел од земјата.

Пакистанскиот премиер Анвар ул Хак Какани наредил веднаш да бидат затворени сите „дотраени и несоодветни жичарници“, соопшти неговиот кабинет.

Многу деца кои живеат во оддалечените и планински делови на Пакистан користат жичарници за превоз до училиште, а некои од нив не се редовно одржувани и нивното користење може да биде ризично.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ