сабота, 27 јули 2024
Конференциска Лига

Драмата во Базел и припадна на Фиорентина, италијански екипи во сите финалиња! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Италијански екипа ќе играат во сите европски финалиња откако Фиорентина во драматичен финиш стигна до победа од 1-3 на гостувањето кај Базел и обезбеди пресметка против Вест Хем за трофејот во Конференциска лига.

Гонзалес погоди со глава во 35. минута за 0-1, но по десет минути игра во второто полувреме, Амдуни изедначи на 1-1. Гонзалес повторно стапи на сцена и во 72. минута донесе водство за „виолетовите“ од 1-2, па натпреварот отиде во продолженија.

Во додатните 30 минути Фиорентина беше подобра, но никако не успеваше да постигне трет гол. Драмата дополнително се зголеми кога еден навивач побара лекарска помош и натпреварот беше прекинат, за потоа во 128. минута двајца домашни играчи да се судрат а Барак да погоди за 1-3 и огромна радост.

Претходно, Вест Хем со победа од 0-1 на гостувањето кај АЗ Алкмар само го потврди својот настап во финалето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ