Апеллот за помош преку имејл порака до обвинителството испратиле дел од мигрантите кои биле држани во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје.
Откако полицијата испрати екипи на ЕИП при СВР Скопје и САЕ Тигар, во подрумските простории пронајдени се шестмина мигранти. Птитоа, биле приведени седум македонски државјани кои биле во објектот. Полицијата дополнително ќе врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности.
Надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Од МВР повеќе информации најавуваат до крајот на денот.