понеделник, 21 октомври 2024
Нов блесок на Аргентинецот

Драма во режија на Меси, го однесе Интер Мајами во четвртфинале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шоуто почна во шестата минута кога по асистенција на Алба, Меси даде убав гол за водство на Интер Мајами од 1-0.

Следуваа три гола на Далас, Куигон, МКамунго и Веласко погодија за предност од 3-1 на домаќините.

Кремасчи намали на 3-2 во 65. минута, но само три минути подоцна Тејлор си постигна автогол и Далас ја врати предноста од два разлика, беше 4-2.

Се чинеше дека домаќините ќе победат, но Меси истапи. Во 80. минута по негов центаршут Фарфан си даде автогол, а пет минути подоцна Аргентинецот постигна прекрасен гол од слободен удар за 4-4.

На пеналите сите погодија од Интер Мајами, Меси, Бискетс, Камана, Милер и Кремасчи. Далас промаши еден пенал и загуби.

Интер Мајами во четвртфиналето го чека подобриот од мечот меѓу Шарлот и Хјустон Динамо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ