петок, 26 јули 2024
Европско првенство

Драма во Келн: Франција со спектакуларен гол од слободен удар се спаси од елиминација и се избори за финале

Франција е првиот финалист на Европското првенство во ракомет, во меч полн со возбуда, „триколорите“ се спасија од елиминација со спектакуларен гол од слободен удар и потоа во продолженија ја совладаа Шведска со 34-30.

Објавено на

часот

Сподели

Франција и Шведска одиграа меч за паметење, возбудувањата траеа дури 70 минути, на крајот „триколорите“ беа тие кои се радуваа на финале.

Откако Шведска подобро го отвори натпреварот и поведе со 1-3, следеше фуриозна игра на Франција и серија од фантастични 11-2. „Галските петли“ ја задржаа големата предност до крајот на полувремето и на пауза заминаа со позитива од 17-11.

Но потоа следуваше пеколно отварање на Шведска на вториот дел, предноста на Франција за кратко се стопи и резултатот на семафорот стоеше 18-18. Актуелниот европски шампион потоа премина во водство и во самата завршница влезе во позитива од два гола (25-27).

Но во финишот се случи чудо, Лен намали на 26-27, а откако Готфридсон направи чекори, Пранди од слободен удар постигна спектакуларен гол за продолженија (27-27).

Во дополнителните десет минути, Франија ја искористи психолошката криза на противникот и стигна до победа од 34-30.

Иго Деска со осум голови беше најпрецизен кај Франција, додека Мем реализира шест, а Ремили пет погодоци. Клар со девет голови беше најефикасен кај Шведска. Натпреварот совршено го судат нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ