Јапонија имаше импресивно отворање на мечот, а конците во играта на азијатите ги држеше поранешниот Вардарец, Јасухира кој беше убедливо најдобриот ракометар на теренот со десет голови и пет асистенции. На одморот Јапонците имаа предност од 18-13.
Во второто полувреме Јапонија на двапати дојде и до водство од шест голови разлика, беше 23-17 кога Хрватска почна неверојатна серија од 8-1 и комплетно го сврте мечот.
Последните минути поминаа во изедначена игра во Јапонците ги промашија своите шанси, а Мартиновиќ погоди во последната секунда за победа на Хрватска од 30-29.
Најефикасен во составот на Хрватска беше Шоштариќ со шест голови, Мартиновиќ и Михиќ постигнаа по четири. Кај Јапонците Јасухира постигна десет голови.