недела, 20 октомври 2024
„Трите лава“ се радуваат на трофејот за прв пат по 1984

Драма на ЕП за играчи до 21 година, Шпанија промаши пенал во 99. минута, Англија е шампион! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

За прв пат по 39 години, Англија го освои Европското првенство за играчи до 21 година. За успехот да биед поголем, „трите лава“ не примија ниту еден гол.

Денеска во финалето, во драматична завршница, Англија со 1-0 ја совлада Шпанија.

Резултатот беше отворен длабоко во судиското надополнување на првиот дел, кога по еден слободен удар на Палмер, топката го удри Џонс, го промени правецот и заврши во мрежата.

Шпанија силно притиска во продолжението и доби шанса во самата завршница откако судијата со помош на ВАР покажа на белата точка.

Капитенот Руиз презеде одговорност, но голманот Трафорд му одбрани. Чуварот на мрежата беше херој, откако го спречи и обидот на Аимар Ороз, кој прв стигна до одбиената топка. За маката да биде поголема, Баренеџеа од трета имаше шанса за погодок, но биеше над голот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ