Начевски беше суспендиран откако данската телевизија ТВ2, објави видео снимка од која се гледа дека кинески бизнисмен му нуди мито на Македонецот кој тој веднаш го одби. Тогаш тој беше член на натпреварувачката комисија на ЕХФ.
Но, и покрај тоа што Начевски категорично го одбил митото од Кинезите, е прогласен за виновен затоа што не го пријавил случајот на ЕХФ.
Покрај суспензијата од две години, тој ќе треба да плати и 5.000 евра како казна за прекршување на регулативите на ЕХФ и Кодот на однесување на европската куќа на ракометот.
Во одлуката се наведува и дека Начевски ќе може да поднесе жалба до Европскиот ракометен Суд за арбитража и тоа во рок од 21 ден по одбивањето на претходната жалба.