сабота, 27 јули 2024

Драган Начевски доби суспензија и парична казна од ЕХФ

Поранешниот македонски судија и претседател на Судиската комисија во ЕХФ доби суспензија од две години и парична казна поради непријавување обид за местење натпревари.

Објавено на

часот

Сподели

ЕХФ пред една година го суспендираше Начевски, но тогаш Македонецот поднесе жалба на Апелацискиот суд кој му ја прифати и ја врати постапката на почеток.

Сега ЕХФ повторно носи одлука за суспензија од две години на Начевски која почнува од денеска. Тој е казнет и парично со 5.000 евра.

Драган Начевски повторно има право да поднесе жалба до Апелација во наредните седум дена.

Да потсетиме, ЕХФ го казнува Начевски по пријава од данската тв куќа ТВ2 која имаше снимка како Македонецот има дијалог за местење натпревари со кинески бизнисмен. Иако Начевски ја одбил понудата од Кинезот и не учествувал во никакво месење на натпревари, тој е обвинет дека не го пријавил случајот до ЕХФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ