сабота, 4 јануари 2025

ДР Конго осуди 13 војници на смрт поради бегство од своите позиции

Воениот суд во Демократска Република Конго осуди 13 војници на смрт под обвинение, вклучително и убиство, грабеж и кукавичлук, што воените претставници го опишуваат како обид за подобрување на воената дисциплина по територијалните загуби предизвикани од дезертирање.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Имено, како што пренесе Ројтерс, војниците биле осудени вчера во градот Луберо, во источната провинција Северен Киву, каде конгоанските сили речиси три години се борат против бунтовничкото движење М23, кое е поддржано од Руанда, но и против други паравоени групи.

Борбите се интензивираа во областа Луберо, а случаите на војници кои ги напуштаат своите позиции му помогнаа на непријателот да напредува, рече портпаролот на локалната армија Мак Хазукај. „Некои од војниците кои треба да се борат со непријателот на линијата на фронтот покажаа одреден вид недисциплина“, рече тој.

„Моравме да го организираме ова едукативно судење за да ги поставиме работите на свое место“.

На судењето учествуваа вкупно 24 војници. Покрај 13-те војници кои добија смртна казна, четворица се осудени на затворски казни од 2 до 10 години, шест војници се ослободени, а еден случај е одложен за понатамошна истрага.

Сослушувањата беа наменети за „враќање на довербата меѓу војската и населението“, изјави воениот обвинител Кабала Кабунди за Ројтерс. Сите осудени се изјаснија за невини и имаат право на жалба на пресудата во рок од пет дена, рече Кабунди. Адвокатот на еден од обвинетите изјави дека ќе поднесе жалба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ