сабота, 21 декември 2024

ДПИ нема регистрирано поскапување на водата

Државниот пазарен инспекторат не регистрирал зголемување на цената на флшираната вода во големите маркети во Скопје во текот на вчерашниот ден, откако имало поплаки за минимално покачување, но не и за недоволни количини, информира директорот на ДПИ Влатко Стојковски.

Објавено на

часот

Сподели

На новинарско прашање за евентуално изигрување од трговците поради најавениот прекин во снабдувањето во поголемиот дел од главниот град Стојкоски рече дека вчера направиле проверка кај големите маркети и кај нив немало покачување на цените, додека за малите маркети може да прават контроли ако има пријави.

„Тоа го проверивме во текот на вчерашниот ден, од тоа што увидовме поголемите правни субекти ако мислите за цените  немаа промени на цените, кај помалите маалски маркети може да се оди по пријава. Да, ќе излеземе на терен и ќе го видиме тоа. Зголемување на цената на флашираната вода не е забележано од наша страна во текот на вчерашниот ден“, изјави Стојкоски.

Како што дополни, за недостаток на флаширана вода генерално немало поплаки, а поплаките биле за минимално покачување во изминатите два дена.

ЈП „Водовод и канализација“  – Скопје соопшти дека најавената санација на главниот цевковод во Скопје треба да почне утре рано наутро и оти се очекува да заврши за помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ