сабота, 27 јули 2024

ДПА на Тачи договори приклучување на фронтот на ДУИ

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека постигнал договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за приклучување на фронтот на интегративците. Вели дека реалноста е оти процесите во земјава кај албанскиот блок ги движи Ахмети, дека политичка сила е во коалицијата на ДУИ, додека останатите се само фрагменти од пропаднати партии. Договорот на ДПА со ДУИ ќе се официјализира во понеделник.

Објавено на

часот

Сподели

Во гостување на ТВ Клан Македонија Тачи рече овој договор е резултат на долги разговори и тана идеја која постепено се обликуваше во последните две години.

Тачи ја цени улогата на Ахмети како лидер на оваа нова мисија и ја изрази својата поддршка за формирање на помоќна коалиција.

„Денеска со Ахмети го склучивме договорот кој ќе биде потпишан во понеделник во 12 часот во Домот на културата во Тетово. Имавме долги разговори, ова беше идеја на господинот Ахмети од пред две години. Оваа идеја полека созрева меѓу ДУИ и ДПА. Во понеделник ќе потпишеме договор и со Партијата за евроинтеграции на Арјанит Хоџа. Планираме да ни се приклучат и турска и босанска партија како и и неколку здруженија. Сите тие се предводени од Ахмети како носител на оваа мисија. Јас отсекогаш сум бил директен и не е на мене да го спречам господинот Ахмети да направи помоќна коалиција. Нашата комуникација е еднострана само со ДПА, а останатото е само одговорност на господинот Ахмети. Коалицијата во која што сме ние има главна политичка сила , а тоа е ДУИ на Ахмети и тоа е реалноста денес. Останатите се фрагменти од пропаднати партии кои се уште не ја покажале својата моќ во изборниот процес“, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ