петок, 27 декември 2024

Дпа: Годинава зголемен број депортации од Германија – македонските државјани меѓу најчесто депортираните

Бројот на депортациите од Германија во првите девет месеци од оваа година се зголемил за повеќе од 20 отсто во споредба со истиот период во 2023 година. Македонија, Србија, Австрија и Албанија се земјите во кои главно биле депортирани оние на кои им бил одбиен престој во Германија, пишува вчера германската агенција Дпа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Дпа, политичарите сѐ почесто зборуваат за враќање на лицата што немаат право да останат во Германија во земјите на потекло. Споредено со претходната година, статистиката за депортации од Германија покажува јасни промени.

Бројот на депортациите е зголемен во првите девет месеци од годинава за повеќе од 20 отсто во споредба со истиот период во 2023 година.

Од јануари до септември вратени се 14.706 лица, покажуваат податоците на министерството за внатрешни работи. Лани во исто време биле евидентирани 12.042 депортации.

Така се вратени повеќе од 2.600 луѓе повеќе од минатата година, што е зголемување за 22 отсто.

Според министерството, земјите во кои биле вратени депортираните главно биле Македонија, Грузија, Австрија, Албанија и Србија.

На крајот на август, Германија депортираше луѓе во Авганистан за прв пат откако талибанците дојдоа на власт во 2021 година. Со авион се вратени 28 осудени криминалци.

„Наскоро ќе следуваат уште депортации во Авганистан“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер пред неколку недели.

Се размислува како да се организира депортација на осудениците во Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ