среда, 29 мај 2024

Доживотен затвор за кочанчанецот кој со 40 убоди уби жена која претходно ја уценувал

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор.

Објавено на

часот

Сподели

Според обвинението, обвинетиот, на 25 септември 2023 година на свиреп начин убил жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој, на 25 септември, од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и ѝ задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место.

Инаку убиената Танкица Младеновска претходно поднела и пријава за уцена. Според пријавата, сега веќе осудениот се обидувал од неа да изнуди пари, уценувајќи ја дека ќе објави компромитираки снимки. Јавното обвинителство денеска соопшти дека постапката за уцената продолжува.

„Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судската постапка“, информираа од Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ